Поради Шкендија, Вардар и Работнички нема да играат на Националната арена

Овој викенд нема да има фудбалски возбудувања на македонските терени, бидејќи натпреварите од домашните лиги се паузираат до почетокот на следната недела. Фудбалот ќе се врати во вторник и среда, кога на програмата се осминафиналните пресметки од Купот на Македонија.

Поради настапот на Шкендија во Конференциската лига, Вардар и Работнички нема да можат да ја користат Националната арена „Тодор Проески“. Тимот од Тетово во четврток ќе го одигра европскиот натпревар против ирскиот Шелбурн во Скопје, па со цел да се заштити теренот, стадионот ќе остане недостапен за останатите клубови.

Работнички ќе го пречека составот на Брегалница на својот терен во Автокоманда, додека Вардар ќе се сретне со Новаци на помошните терени на Фудбалската федерација на Македонија во Ново Лисиче.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *