Германецот збесна: Флик со срамен потег го прослави голот за победа на Барселона (Видео)

Ханси Флик повторно се најде во центарот на вниманието заради својот однос кон судиските одлуки. Иако досега истакнуваше дека не сака да ги критикува арбитрите, денешниот меч покажа сосема поинаков став.

Германскиот стратег неколку пати бурно реагираше на одлуките на контроверзниот шпански судија Хесус Хил Мансано. Најспорното се случи на почетокот од судиското продолжение на второто полувреме, кога Флик доби црвен картон, предизвикувајќи бурни реакции меѓу навивачите и медиумите.

Флик, сепак, не издржа и во самата завршница бурно го прослави голот на Барселона при што покажа срамна гестикулација.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *