Синер призна: Не играм во Ријад поради љубов кон тенисот, туку поради пари

by

in

Шестмина врвни тенисери оваа недела настапуваат на егзибициски турнир во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, каде резултатите немаат никакво натпреварувачко значење – но финансиските награди се повеќе од импресивни.

Самото учество на турнирот им носи по 1,5 милион долари, а победникот ќе замине дома со неверојатни шест милиони долари, износ што, како што коментираат медиумите, за повеќето луѓе ширум светот претставува недостижен сон за цел живот.

Иако дел од учесниците се обидоа да тврдат дека не настапуваат поради парите, туку од љубов кон спортот, Јаник Синер не се обидува да го сокрие вистинскиот мотив.

„Секако дека сите нè води страста кон тенисот, но би било неискрено да кажам дека финансискиот дел не игра улога. Сите сме свесни колкави пари се во прашање на овој турнир,“ изјави Синер искрено, добивајќи бројни реакции во тениската јавност.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *