Македонија доживеа пад на најновата ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа мал пад на најновата ранг-листа на ФИФА и сега се наоѓа на 65-тото место во светот, што е две позиции пониско во однос на претходното издание.

„Црвено-жолтите“ во октомврискиот квалификациски прозорец за Светското првенство 2026 одиграа два натпревари без победник — првиот, вреден и неочекуван бод на гостувањето кај Белгија, и вториот, разочарувачки резултат пред домашна публика против селекција која важеше за аутсајдер. Тие исходи ѝ донесоа на Македонија скромни 2,1 бодови, но поради напредокот на неколку конкуренти, тоа резултираше со благо назадување на листата.

На врвот нема промени — Шпанија останува лидер, а Аргентина ја претекна Франција и се искачи на втората позиција. Напредок од едно место бележат Холандија и Италија, додека Германија се врати меѓу најдобрите десет со скок од две позиции, па така од елитното друштво испадна Хрватска. Целосната ФИФА листа може да се погледне ТУКА.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *