Трајковски на чекор од потпис со новиот клуб!

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски би можел да ја продолжи кариерата во Хрватска, иако летово се раздели со Хајдук. Според најновите информации, искусниот напаѓач е многу блиску до договор со екипата на Истра, а трансферот би можел да биде официјализиран во наредните денови.

Трајковски последен пат настапи за Хајдук во мај годинава, а по неколку месеци без клуб, повторно би можел да се врати на хрватските терени. Истра во него гледа решение за подобрување на ефикасноста во нападот, бидејќи тимот по девет одиграни кола има скромен биланс од девет постигнати голови, со три победи, три ремија и три порази.

Напаѓачот беше дел и од актуелниот репрезентативен циклус, настапи во квалификацискиот дуел со Казахстан, кога влезе од клупата во финишот на мечот, додека против Белгија во Гент не доби минутажа.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *