Ќе гори Битола: Билетите за спектаклот со Барселона распродадени за рекордно време!

Билетите за дербито помеѓу Пелистер и Барселона во рамки на Лигата на шампионите беа разграбани за рекордни осум минути, информираа од битолскиот клуб.

Неверојатниот интерес на навивачите гарантира дека „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место за дуелот со каталонскиот гигант, кој во среда (15 октомври) со почеток од 20.45 часот ќе гостува во „градот на конзулите“.

Европската ракометна елита повторно доаѓа во Битола, а ЕХФ ја довери судиската должност на турскиот тандем Курсад Ердоган и Ибрахим Едениз, додека делегат на натпреварот ќе биде Марко Тоси Бранди од Италија.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *