Спектакуларен гол на Барди само за реми за Македонија

Македонската фудалска репрезентација одигра само реми против Казакстан на Арената „Тодор Проевски“.

Во завршницата на првиот дел, „црвено-жолтите“ конечно се разбудија и создадоа неколку одлични можности. Ристовски се обиде со атрактивни „ножички“, потоа следуваа шанси на Велковски и повторно на Ристовски, но мрежата на Казахстан остана недопрена.

По грешката на нашата одбрана Казахстан поведе во 54. минута со голот на Динмухамед Караман. Израмнувањето стигна во 74-та минута кога од слободен удар капитенот Барди постигна спектакуларен гол.

До крајот Македонија напаѓаше, создаде и добри шанси, но не успеа да стигне до победа.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *