Ѓоковиќ без загубен сет против Бергс до полуфинале во Шангај

by

in

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Шангај, совладувајќи го Зизу Бергс со 2-0 во сетови (6-3, 7-5).

Во првиот сет, Ѓоковиќ уште на самиот почеток го притисна сервисот на ривалот, но до брејк стигна дури во шестиот гем (4-2), што беше доволно за да ја задржи предноста и да го добие сетот со 6-3.

Вториот сет донесе повеќе неизвесност – Ѓоковиќ направи брејк за водство 5-4, но Бергс веднаш возврати и израмни на 5-5. Сепак, Србинот во следниот гем повторно го одзеде сервисот на противникот, а потоа со сигурен сервис го затвори мечот за конечни 7-5.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *