Проблеми за Реал Мадрид – се повреди Хујсен

by

in

Реал Мадрид се соочува со нова кадровска мака пред продолжението на сезоната. Клубот официјално потврди дека младиот дефанзивец Дин Хујсен има повреда на мускул на левата нога.

Според лекарскиот тим на „кралскиот клуб“, 19-годишниот стопер ќе мора да паузира околу две недели. Тоа значи дека сигурно ќе го пропушти претстојниот натпревар против Хетафе во Ла Лига.

Сепак, добра вест за навивачите е што прогнозите се оптимистички и се очекува Хујсен да биде целосно подготвен за големото дерби – „Ел Класико“ против Барселона.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *