Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај

by

in

Новак Ѓоковиќ уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите во историјата на тенисот. Повреден успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, победувајќи го Шпанецот Жуам Мунар со 2-1 во сетови (6:3, 5:7, 6:2).

Шпанецот откако изедначи на 1-1 во сетови немаше сили за подвиг против искусниот тенисер, кој играше повреден, и кој сега е рекордер и воедно највозрасен тенисер што играл четвртфинале на Мастерс 1000 турнир

Противник на Ѓоковиќ во следната рунда ќе му биде Зизу Бергс од Белгија, кој со 2-1 во сетови го совлада Габреил Диало.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *