Сопственикот на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ретклиф, и покрај слабите резултати на клубот, нема намера да ја менува тренерската позиција и целосно му ја дава довербата на Рубен Аморим, објави „The Athletic“.
Според информациите, дури и доколку „црвените ѓаволи“ забележат нов пораз овој викенд, Ретклиф не планира да донесе брзи одлуки. Неговиот став е дека португалскиот стратег треба да ја води екипата низ целата сезона, без разлика на моменталната форма и резултатите.
Одлуката на сопственикот е сигнал дека на „Олд Трафорд“ сакаат стабилност и трпеливост, за разлика од минатите години кога честите тренерски смени создадоа дополнителни проблеми во тимот.
Leave a Reply