Згаснува идејата за Суперлига: Барселона ќе го напушти проектот!?

by

in

Барселона сериозно размислува да се повлече од проектот за Суперлигата, откако односите на клубот со УЕФА значително се подобриле, јавува RAC1.

Каталонскиот гигант беше еден од основачите на идејата за создавање елитно европско натпреварување надвор од структурата на УЕФА, заедно со Реал Мадрид и уште неколку клубови. Но, притисокот од навивачите, јавноста и фудбалските институции, како и подобрената соработка со европската куќа на фудбалот, го промениле ставот на Барса.

Според информациите, челниците на клубот сметаат дека сегашната ситуација е многу поповолна за градење конструктивни односи со УЕФА, отколку за упорна поддршка на проект кој од самиот почеток предизвика контроверзии и поделби.

Овој потенцијален чекор би можел да ја остави Реал Мадрид како единствен голем европски клуб што и понатаму отворено застанува зад Суперлигата, што во голема мера би го ослабнало целиот проект.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *