Фудбалерите на Шкендија загубија вечерва на гостувањето во Мадрид од Рајо Ваљекано со 2-0 во воведното коло од главната фаза во лигата на конференции.
Шпанскиот домаќин ја оправда фаворитската улога и дојде до рутинска победа над македонскиот противник.
За краток период од четири минути шпанскиот претставник успеа двапати во текот на првото полувреме да ја затресе мрежата на Шкендија.
Најпрвин во 28 минута Лопез стрелаше за водство на Рајо, а потоа Перез ги постави конечните 2:0.
Leave a Reply