Чупиќ по триумфот над Пелистер: Трката за титулата е маратон

by

in

Екипата на Вардар извојува важна победа во ракометното дерби против најголемиот ривал Пелистер, славејќи со резултат 31-28. Со овој триумф „црвено-црните“ ја прекинаа негативната серија од четири последователни порази во меѓусебните дуели со битолчани.

Натпреварот имаше посебно значење и за тренерот Иван Чупиќ, кој првпат во улога на стратег на Вардар го водеше тимот на големото дерби во салата „Јане Сандански“.

„Ова е мое прво дерби во „Јане Сандански“, но не победив јас туку овие момци во соблекувалната. Како што кажав и сто пати досега, трката за титулата е маратон, оваа победа над Пелистер значи само два бода“, кажа Чупиќ.

Фото: RK Vardar 1961


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *