Игор Ангеловски по пауза од две години има нов клуб1

by

in

По пауза подолга од две години, поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, повторно се враќа во тренерските води и ќе ја продолжи својата кариера во кипарската Прва лига.

Популарниот Мрме е назначен за нов предводник на Етникос Ахна – клуб што со години важи за најголем македонски расадник на ова острово. Досега во дресот на Етникос настапувале дури 17 македонски фудбалери, а најсветол траг остави голманот Мартин Богатинов со импресивни 175 меча. Ангеловски во својот нов ангажман ќе го има покрај себе и стар познаник – Милан Илиевски, кој ќе биде негов прв помошник. Двајцата веќе соработуваа во репрезентацијата, а Илиевски како главен тренер досега го водеше само Работнички.

За Ангеловски ова ќе биде четврти клупски предизвик и трет интернационален ангажман. Најголем печат во кариерата остави токму во Работнички, со кој освои титули и купови, а потоа влезе во историјата како селектор кој ја одведе Македонија на првото Европско првенство во 2021 година. По тој успех имаше и пократки епизоди во хрватска Горица и казахстански Каспиј.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *