Вардар ја прекина црната серија и го победи Пелистер во Скопје, Чкембари правеа инциденти (Видео)

by

in

Првото дерби во сезоната му припадна на Вардар кој славеше со 31-28.

Натпреварот беше исполнет со тензија од самиот старт, а Вардар во почетните минути создаде прредност од два три-гола која ја одржуваше во продолжение од средбата.

Тензичниот почеток донесе црвен картон уште во 12. минута кој го заработи Вуко Борозан по еден груб старт над Кузмановски. Претходно и ракометарот на битолскиот клуб бурно реагираше.

Додека на теренот Вардар имаше минимална предност, за жал поголемо внимание од публиката во завршницата од првиот дел беше насочено кон „Чкембарите“. Само што влегоа во сала, тие фрлија бакља кон обичната публика, а дербито во 23. минута се прекина додека не се смират страстите.

View this post on Instagram

A post shared by sportski.mk (@sportski.mk)

Откако продолжи Вардар ја задржа предноста и на пауза замина со 16:14.

Сликата не се промени многу и во вториот дел, Вардар не успеваше повеќе да се одлепи, меѓутоа констатно водеше со два три гола разлика.

Некаде на средина од вториот дел гостинските навивачи одново запалија бакљи во салата по што реагираше полицијата и ги отстрани од трибината.

Најефикасни

Во продолжение Вардар не дозволи пресврт, па славеше победа и остана максимален со пет победи во исто толку натпревари со кои е лидер на табелата.

Најефикасни кај Вардар со по шест гола беа Нколас Боно, Јака Малус и новото засилување Тузлана, додека за Пелистер не беа доволни ниту десет гола на Манасков.

Оваа победа за Вардар значеше и прекин од четирите порази во низа од најголемиот ривал.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *