Работна акција во Кичево: Се враќа сјајот на Напредок! (Фото)

Фудбалскиот клуб „Напредок“, кој во минатото беше редовен учесник во најсилната Прва лига и гордост на кичевскиот спорт, полека ја враќа својата сјајна приказна. Денес клубот настапува во Третата лига, но благодарение на новото раководство започна вистинска обнова на стадионот и на спортскиот дух во градот.

Со години „Градскиот стадион“ во Кичево изгледаше како запуштена урнатина – со трибини обраснати со трње и капини, симбол на едно минато време кога клубот создаваше врвни фудбалери и беше гордост на регионот.

Новата управа, со сопствена иницијатива и ентузијазам, успеа да ја смени сликата. Организирани беа работни акции за чистење на насобраниот смет, трибините се бојадаисувааа во препознатливите сино-бели бои, а стадионот повторно почнува да „дише“ со спортски дух.

„Ова не е само реконструкција на еден стадион, ова е обнова на кичевската гордост и верба во иднината на нашата младина“, порачуваат од клубот.

Од управата апелираат сите кичевчани да застанат зад „Напредок“ – преку присуство на натпреварите, купување билети и поддршка од трибините, за младите фудбалери да растат со сон и гордост да ја носат сино-белата боја.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *