Мајсторија во ПМФЛ: Фудбалер на Струга стрелаше од слободен удар! (Видео)

Фудбалерите на Струга во моментов гостуваат кај Силекс во Кратово, а публиката веќе во 33. минута беше сведок на вистинска фудбалска мајсторија.

Новото засилување на стружани, Хамза, кој летово дојде од Башкими, со прецизен и силен удар од слободен удар ја затресе мрежата на домаќините, оставајќи го голманот на Силекс без можност за реакција.