Грција се повлече од „Трофеј Македонија“ – нема да игра против македонските ракометарки

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска соопшти дека женската репрезентација на Грција нема да го продолжи настапот на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“, кој овие денови се одржува во Охрид.

Причина за ваквата одлука е здравствен проблем во редовите на грчкиот национален состав – дел од ракометарките се соочуваат со вирусна инфекција, поради што стручниот штаб реши тимот да се повлече од натамошното натпреварување.

„РФМ на ракометарките од Грција им посакува брзо закрепнување и упатува искрена благодарност за нивното учество и придонес кон турнирот“, соопштија од федерацијата.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *