Најави ли Наполи дека Елмас ќе биде вечерва стартер во дербито од ЛШ? (Фото)

Вечерва во Лигата на шампионите својот натпревар ќе го игра и Наполи кој ќе се соочи со Манчестер Сити.

Овој натпревар кога ќе се погледнат останатите дуели може да се каже и дека е дербито на денот.

За нас е интересно тоа што Наполи на социјалните мрежи натпреварот го најави токму со фотографија со Елмас.

Можеби е ова е и една најава дека македонскиот фудбалер ќе биде на теренот од првата минута, нешто што секако го посакуваме.

Натпреварот се игра во терминот од 20:45 часот.