Ноќта во Лигата на шампионите започна со убедливата победа на Бриж над Монако (4:1) и ремито меѓу Копенхаген и Баер Леверкузен (2:2).
Баер Леверкузен се враќа само со бод од гостувањето кај ФК Копенхаген, иако реално, можеше да остане и со празни раце, ако се знае дека домашните двапати водеа, а гостит епрактично до еден бод стигнаа во првата минута од судиското надополнување.
Бриж за десет минути во првото полувреме го реши прашањето околу конечниот победник на стадионот „Јан Брајдел“.
Со головите на Тресолди, Ониедка и Ванакен замина на пауза со висока предност од 3:0.
Четвртиот гол за домашните го постигна Диахон, додека почесниот гол за Французите беше дело на Ансу Фати.
Leave a Reply