Васоски реагира: Зошто има ВАР, ако оваа не се прегледува? (Видео)

Серијата од пет последователни победи на Силекс беше прекината вчера во дуелот со Башкими, каде кратовци загубија со 2-1 и првпат сезонава останаа без бодови.

По натпреварот, тренерот Александар Васоски не го криеше револтот, уверувајќи дека неговиот тим бил оштетен за чист пенал.

Контроверзната ситуација се случи во второто полувреме, кога фудбалер на Силекс беше во дуел со дефанзивецот на домаќините, Есмин Личина, кој, според Васоски, направил прекршок.

„За мене чист пенал, зошто е ВАР тука, ако не се сигнализира и не се гледа снимката“, напиша Васоски на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vasoski (@aleksandar_vasoski)

Во наредното коло, закажано за викендот, Силекс ќе биде домаќин на Струга во дербито кое може да има големо значење за битката на врвот на табелата.