Бобан Николов потпиша за нов клуб!

Македонскиот фудбале Бобан Николов повторно ќе игра во Романија, откако по цели 12 години се враќа во редовите на Фарул Костанца – клубот кој е наследник на Академија Хаџи, каде што ги имаше своите први интернационални настапи.

Николов доаѓа од Борац Бања Лука, а романските медиуми потсетуваат дека во минатото играше и за славната Стеауа, поради што очекувањата за неговото ново поглавје во Лига 1 се високи.

Во својата богата кариера тој остави трага во повеќе клубови: Вардар, Витроул, Видеотон, Лече, Шериф Тираспол, МОЛ Фехервар и Кишварда. За македонската репрезентација одигра 49 натпревари и постигна четири гола, а неговиот последен настап во националниот дрес беше во 2022 година, на пријателскиот дуел со Азербејџан.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *