Белгија во многу проблеми пред натпреварот со Македонија!

Македонската репрезентација во октомври ќе го одигра еден од најважните натпревари во квалификациите за Светското првенство – дуелот со Белгија на 10 октомври.

Белгиската селекција, пак, во пресрет на овој меч има големи главоболки со повредени играчи. Веќе е познато дека селекторот Руди Гарсија нема да може да смета на Ромелу Лукаку, а изминатиот викенд пристигна уште една лоша вест.

Играчот за врска на Астон Вила, Јури Тилеманс, се здоби со повреда на мускулот и ќе паузира најмалку еден месец, што значи дека сигурно ќе го пропушти натпреварот со Македонија.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *