Шенѓун ги „пецна“ Грците со една од најголемите трагедии (Фото)

Турскиот кошаркар Алперен Шенѓун по полуфиналната победа над Грција и пласманот на неговата репрезентација во финалето на Евробаскетот предизвика силни реакции во спортската јавност со една објава.

Иако крилниот центар на Хјустон Рокетс на овој натпревар беше еден од играчите со најмалку постигнати поени, неговата улога во одбраната и борбата под обрачите беше клучна за успехот на тимот на селекторот Ергин Атаман.

Но, наместо статистиката, во фокусот на вниманието се најде неговата објава на социјалните мрежи. На Инстаграм, Шенѓун сподели фотографии и кратко видео од дуелот со Грција, додавајќи коментар што многумина го протолкуваа како провокација.

„Зарем морскиот воздух не ти годи секогаш?“, порача тој.

Многумина ја разбраа објавата на Шенѓун како „малоазиската катастрофа“ која се однесува на грчко-турската војска пред повеќе од 100 години, односно страдање на Грците и тоа е една од најголемите трагедии во историјата на нашиот јужен сосед.

View this post on Instagram

A post shared by Alperen Şengün (@alperen.sengun)


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *