Пелистер и оваа година ќе биде македонскиот претставник во најелитното ракометно натпреварување – Лигата на шампионите. За битолскиот клуб ова ќе биде трета последователна сезона на европската сцена, со јасна цел конечно да се избори пласман во нокаут-фазата.
Искуството од претходните настапи е двојно – пред две сезони „зелено-белите“ ја завршија групната фаза со разочарувачки биланс и без освоен бод, додека минатата година направија сериозен исчекор, освојувајќи осум поени и завршувајќи на седмата позиција, со три значајни победи против реномирани противници.
Новата европска авантура Пелистер ја започнува на домашен терен, а прв предизвик е дуелот против најтрофејниот хрватски тим – Загреб. Хрватите ќе допатуваат во Битола со силен ростер, предводен од искусниот плејмејкер и поранешен член на Вардар, Игор Карачиќ, кој и покрај годините останува лидер и вистински мотор на екипата.
Средбата во спортската сала во Битола е закажана за 20:45 часот
Leave a Reply