Репрезентативната пауза се покажа како најскапа за Пари Сен Жермен. Францускиот шампион остана без двајца клучни фудбалери – Осман Дембеле и Дезир Дуе, кои заработија повреди настапувајќи за својата репрезентација и ќе мораат подолг период да бидат надвор од терените.
Тренерот Луис Енрике во наредните недели ќе мора да ги креира тактичките решенија без нивната помош. Дембеле и Дуе беа меѓу најважните играчи минатата сезона, особено во триумфот на ПСЖ во Лигата на шампиони.
Нивното отсуство ќе биде голем удар за парижаните, бидејќи нема да бидат подготвени ниту за големото дерби против Барселона на 1 октомври во Лигата на шампиони.
Leave a Reply