Од Ла Лига во Турција: Поранешен тим на Барди го бара Димитриевски

by

in

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, размислува за заминување од Валенсија поради ограничената минутажа што ја добивал во шпанскиот клуб.

Како една од опциите за неговата кариера се појави турскиот гигант Трабзонспор, седумкратен шампион на Турција, каде што порано настапуваше и Енис Барди.

Според најавите, Трабзонспор веќе ја покажал својата заинтересираност и испратил официјална понуда до управата на Валенсија. Шпанскиот клуб е подготвен да го продаде македонскиот голман, но трансферот ќе се реализира само доколку Турците се согласат на сума над два милиони евра.

Фото: Принтскрин