Француската фудбалска репрезентација вечерва го започнува својот пат во квалификациите за Светското првенство, но главната ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, испрати загрижувачка порака – чувствува голем замор и смета дека му е неопходен период за одмор.
Причината за ваквиот притисок врз фудбалерите е прегустата агенда на меѓународните натпреварувања.
„Не знам дали некој фудбалер е способен да издржи 60 натпревари на врвно ниво во една сезона. Јас барем досега не сум видел такво нешто. Искрено, мислам дека е невозможно. Потребно ми е време да се одморам и да се опоравам“, кажа Мбапе.
Фото: Принтскрин
Leave a Reply