Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година со тежок пораз од 3-0 во Краков го започна новиот циклус во квалификациите за Европското првенство.
Полска беше далеку подобра на теренот и од самиот старт го диктираше темпото, создавајќи бројни прилики покрај трите реализирани погодоци.
Несреќата за младите „рисови“ започна во 22. минута, кога по едно центрирање од левата страна, Зенделовски несмасно ја затресе сопствената мрежа. Тоа беше и единствениот погодок во првиот дел.
Во второто полувреме домашните уште повеќе ја зголемија предноста – прво преку Регула во 65. минута, а само три минути подоцна Пиенко со соло акција го постави конечниот резултат.
Избраниците на селекторот Горан Станиќ сега мора брзо да ја заборават оваа средба и да се подготват за многу потешкиот испит – дуелот со Италија. Натпреварот ќе се игра на 9 септември во Битола, со почеток од 18:15 часот.
Leave a Reply