Новак Ѓоковиќ, кој со освоени десет титули е апсолутниот рекордер на Австралија Опен, ќе добие посебна чест кога ќе дојде моментот да се повлече од професионалниот тенис. Организаторите на турнирот веќе размислуваат за незаборавно испраќање.
Директорот на Австралија Опен, Крег Тајли, откри дека се работи на уникатен проект посветен на 24-кратниот гренд слем шампион, но засега останува мистерија каков точно ќе биде настанот.
„Можам само да кажам дека ќе биде нешто навистина големо. Искрено, би сакал Новак да продолжи да игра уште долго, бидејќи е феноменален тенисер. Кога ќе дојде вистинскиот момент, имаме подготвени идеи, но сè уште е рано да ги споделиме“, изјави Тајли.
Фото: Принтскрин
Leave a Reply