Инцидент во финалето на Суперкупот: Приведен навивач од Битола, ќе има пријава и за организаторот!

by

in

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на финалето на Супер-купот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер бил приведен навивач од Битола. Од МВР додаваат дека ќе следува и пријава против организаторот на натпреварот, во согласност со Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревари.

„На 03.09.2025 во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле А.Р.(24) од Битола затоа што во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, за време на одигрување на ракометен натпревар помеѓу екипите на РК Вардар од Скопје и РК-Еурофарм Пелистер од Битола, недолично и агресивно се однесувал кон играчите на РК Вардар.

По документирање на настанот против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на навивач од Битола, кој по завршување на натпреварот запалил пиротехничко средство во салата. Додека, против организаторот ќе биде поднесена пријава согласно Закон за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари“, велат од МВР.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *