Македонската фудбалска репрезентација денеска пристигна во Прага, каде што утре од 17 часот ќе ги одмери силите со селекцијата на Саудиска Арабија во контролен натпревар.
Селекторот Благоја Милевски најави дека дуелот ќе биде искористен за тестирање на различни тактички варијанти, но и како можност за фудбалерите кои досега имаа помала минутажа да се наметнат со својата игра.
Откако ќе заврши овој пријателски меч, целото внимание ќе се пренасочи кон престојниот квалификациски предизвик со Лихтенштајн – дуел кој има многу поголемо значење за нашата репрезентација.





Leave a Reply