Eлмас го облече дресот на Наполи (Фото)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно ќе го облече дресот на Наполи, овојпат како позајмен играч од РБ Лајпциг. За трансферот останува уште официјалната потврда од клубовите.

Елмас вчера пристигна во Неапол, каде што успешно ги помина лекарските прегледи, а денеска на социјалните мрежи веќе се појавија фотографии од неговата официјална фотосесија.

„Дијамантот“ од Скопје добро му е познат на навивачите на Наполи – во периодот од 2019 до 2024 година токму со овој клуб го доживеа најголемиот успех во кариерата, освојувајќи го долгоочекуваното Скудето.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *