Пожар го премести дербито меѓу Пелистер и Вардар во „Јане Сандански“

Големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер од Регионалниот ракометен турнир вечерва ќе се одигра во спортскиот центар „Јане Сандански“ – големата сала, со почеток од 21:00 часот.

Организаторите информираа дека до промена на локацијата дошло во последен момент, откако во непосредна близина на салата „Борис Трајковски“ избувна пожар, поради што целиот турнир беше префрлен во „Јане Сандански“.

И покрај неочекуваната промена, љубителите на ракометот ќе имаат можност да го проследат спектаклот меѓу двата најголеми македонски клуба.