Миовски позираше во дресот на Ренџерс (Видео)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски официјално се приклучи на шкотскиот гигант Ренџерс, откако со клубот потпиша четиригодишен договор. По една сезона помината во шпанската Жирона, каде што не успеа да се истакне, Миовски се враќа во Шкотска, земја каде претходно со голем успех настапуваше за Абердин.

Веднаш по потпишувањето на договорот, напаѓачот го одработи првиот тренинг со новиот тим и по завршувањето позираше во дресот на Ренџерс, прикажувајќи го својот ентузијазам и подготвеност за новите предизвици.

Со овој трансфер, Миовски ќе се обиде да го врати својот најдобар фудбалски ритам и да го помогне Ренџерс во остварување на амбициите во шкотското првенство и европските натпреварувања.

Фото: Rangers Football Club


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *