Ракометарот на Алкалоид и репрезентативец на Македонија се пресели во Франција

Македонскиот репрезентативец Михајло Младеновиќ ќе ја продолжи кариерата во Франција, откако стави потпис на двегодишен договор со Кретеј, член на втората по ранг лига во францускиот ракомет.

„Бевме во потрага по лев бек кој ќе може да се надополнува со Давид Иглесијас и одлуката падна на Младеновиќ. Задоволни сме што ќе го имаме во нашите редови“, соопштија од клубот.

Македонецот помина неколкунеделна проба пред да добие официјална понуда, а неговиот последен клуб беше Алкалоид, со кој минатата сезона стигна до трофеј во ЕХФ Европскиот куп.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *