На пет дена до крајот на преодниот рок: Елмас пред враќање во Наполи

Само пет дена пред затворањето на летниот преоден рок, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е пред сензационално враќање во Наполи, клубот во кој ги доживеа најсјајните моменти од својата кариера.

Според италијанските медиуми, во последните 24 часа бил постигнат значителен напредок во преговорите, а до официјализација на договорот недостигаат само административни детали.

Се очекува Елмас повторно да го облече синиот дрес на Наполи како позајмен фудбалер, со јасна клаузула за траен откуп по завршувањето на сезоната.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *