Бугарскиот шампион Лудогорец ќе настапи ослабен на реваншот од плејофот во Лига Европа против тетовска Шкендија, кој ќе се одигра в четврток во Разград.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, францускиот интернационалец Мунир Шујар, кој беше дел од стартниот состав на првиот натпревар во Скопје, веќе постигнал договор со мароканскиот клуб Беркан и во наредните денови треба да биде официјално претставен таму. Поради тоа, Шујар нема да биде на располагање на тренерот на Лудогорец за клучниот дуел со Шкендија.
Шујар пристигна во Лудогорец пред две години, но не остави позабележителна трага.
Фото: KF Shkëndija
Leave a Reply