Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров се соочува со нов голем предизвик, откако стигна вест дека бекот Томислав Јагуриноски заработил сериозна повреда и извесно време ќе биде надвор од терените.
Ова претставува дополнителен удар за националниот тим, кој веќе подолго време се соочува со проблеми со повредени играчи.
Несреќата се случила за време на подготовките со неговиот нов клуб – германскиот второлигаш Десау Рослер. Во финалниот меч од еден подготвителен турнир, Јагуриноски бил турнат и паднал незгодно на грбот, по што веднаш почувствувал силна болка. Клубот потврди дека станува збор за посериозна повреда, но конкретниот период на опоравување сè уште не е познат.
Фото: Ракометна федерација на Македонија
Leave a Reply