Ристовски распали по судиите: Да живее Тито!

Екипата на Сараево со жестока реакција излезе по дебаклот од Борац во Бања Лука (1-5) во рамки на петтото коло од Премиер лигата на БиХ. Од клубот тврдат дека судиските одлуки директно влијаеле врз исходот на средбата, а најостар во критиките беше македонскиот фудбалер Стефан Ристовски.

Фудбалерот на својот профил на социјалните мрежи иронично напиша: „Добредојдовте во аматерската Премиер лига. Да живее Тито“. Иако објавата набрзо беше избришана, остана забележана.

Најголема полемика предизвика поништувањето на погодокот за 2-2, кога судиите проценија дека Млинарќ играл со рака. Негодување имаше и околу досудениот пенал по прекршок на Ристовски.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *