Млад фудбалер почина откако беше брутално претепан од насилници во Русија (Видео)

Младиот фудбалер Арсениј Јерошевиќ трагично го загуби животот по брутален напад што се случил на 17 август во Нижни Новгород, во близина на еден ноќен клуб.

Според информациите, група мигранти физички го нападнале Јерошевиќ, удирајќи го со боксови и клоци. При тепачката тој паднал на земја и со главата силно удрил во подот, но и покрај тоа насилниците продолжиле да го тепаат.

Фудбалерот бил итно пренесен во болница, каде лекарите констатирале тешки повреди и се бореле за неговиот живот.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *