Винисиус ги провоцираше навивачите, Мбапе мораше да реагира (Видео)

По релативно мирната мината сезона, кога изгледаше дека успеа да го контролира својот темперамент и да избегнува конфликти со противници и публика, Винисиус Жуниор на стартот на новата сезона повторно се најде во центарот на внимание поради неговото однесување.

Иако не беше дел од почетната постава на гостувањето против Овиедо, Бразилецот веднаш влезе во вербални пресметки со навивачите на домашниот тим. Тие беа сместени непосредно над клупата на Реал Мадрид и, според очевидци, постојано го провоцирале и навредувале. Винисиус, наместо да ги игнорира нападите, реши да им возврати, што повторно отвори дискусии околу неговата способност да остане фокусиран само на фудбалот.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *