Сон постигна прекрасен гол и предизвика „ерупција“ на трибините (Видео)

Јужнокорејската ѕвезда Хјун-Мин Сон го запиша својот прв погодок во МЛС, но и покрај тоа Лос Анџелес ФК не успеа да слави, одигрувајќи 1-1 на гостувањето кај Далас.

Иако резултатот не донесе целосна радост за тимот, голот на Сон сигурно ќе остане запаметен и вреди да се погледне повеќепати.

Фудбалерот, кој стана најскапиот трансфер во историјата на МЛС, уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација. Веќе во шестата минута од средбата тој изведе перфектен слободен удар – силен и прецизен шут кој заврши во аголот од мрежата, оставајќи го домашниот голман без никакви шанси за интервенција.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *