Во судирот меѓу аргентински и чилеански навивачи 19 повредени 3 мртви

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универсидад де Чиле.

Вкупно 19 повредени, од кои двајца потешко и најмалку 100 приведени е билансот од пресметката меѓу навивачите.

Станува збор за реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана, кој не беше завршен поради дивеењето на навивачите на трибините. 

Во хаосот, аргентинските навивачи се искачија на горните трибини за да ги нападнат чилеанските навивачи. Сликите споделени на социјалните мрежи покажуваат луѓе како се пресметуваат со стапови и палки.

Натпреварот беше обележан со големи безбедносни пропусти, што доведоа до судири на навивачите.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *