Наполи е во потрага по нов напаѓач после повредата на Ромелу Лукаку, кој ќе отсуствува од терените неколку месеци.
На листата на Наполи се неколку напаѓачи, а примарна цел е Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед.
Хојлунд беше изоставен од тимот на „црвените ѓаволи“, кои сакаат да се ослободат од него и се спремни да го пуштат на позајмица со право на откуп.
Наполи веќе стапил во контакт со Јунајтед, но проблем е што интерес за него покажува и Милан, кој веќе подолго време работи на трансферот.
Leave a Reply