Шкендија доживеа елиминација од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите откако беше декласирана од Карабак со 5:1.
Мечот одлично почна за македонскиот шампион со водство во 10 минута со погодокот на Тамба по асистенцијата на Ибраими.
Во периодот од 16. до 35.минута Карабаг постигна четири гола. Цаке си постогна авто-гол, а потоа погодија Кади, Акундзаде и Јанковиќ од пенал Точка на натпреварот стави Леандро Андраде во 59.минута.
Шкендија тука го завршува настапот во ЛШ, а својот меѓународен настап оваа сезона ќе го продолжи во плеј-офот на Лигата на Европа.
Leave a Reply