Се појави нова опција за Димитриевски: Може да заврши во поранешниот клуб на Елмас!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски би можел да ја продолжи кариерата во редовите на турскиот гигант Фенербахче, пренесуваат последните информации.

Клубот од Истанбул, каде што во минатото успешно настапуваше и Елиф Елмас, е на добар пат повторно да има македонски фудбалер во своите редови.

За иднината на Димитриевски се шпекулира веќе подолг период, особено откако во Валенсија не е прва опција меѓу стативите. Оваа ситуација ја зголемува веројатноста за негова преселба во нова средина.

Покрај интересот од Фенербахче, во изминативе недели 30-годишниот чувар на мрежата беше поврзуван и со шпанските клубови Елче и Мајорка. Доколку се реализира трансферот во Турција, Димитриевски би имал можност да работи под водство на славниот Жозе Мурињо.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *