Ракитиќ ептен го навреди Јувентус, па мораше да се извинува

by

in

Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ предизвика бура на социјалните мрежи со својата објава на Инстаграм, со која му честиташе на Лука Модриќ за неговиот сензационален трансфер во Милан.

Во стори објавен на својот профил, Ракитиќ сподели заедничка фотографија со Модриќ, над која постави навивачка песна на Милан како звучна подлога.

Сепак, музичкиот избор предизвика контроверзија – песната содржела навредливи стихови упатени кон Јувентус.

„Најискрено се извинувам на Јувентус и неговите навивачи. Немав намера да навредам никого – песната ја избрав исклучиво како симбол на поддршка за Милан и мојот пријател Лука, не знаејќи го нејзиниот вистински текст и значење. Жалам за недоразбирањето“, напиша Ракитиќ.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *