Во мислите им е само победа: Шкендија го избра составот за мечот против Карабах (Фото)

by

in

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија вечерва ќе се соочи со сериозен предизвик, пречекувајќи го силниот Карабах од Азербејџан во рамките на третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.

Тренерот Јетон Беќири, кој доби бројни пофалби за водството и тактичката дисциплина на тимот, нема да прави промени во почетниот состав. Тој ќе им даде доверба на истите 11 фудбалери кои минатата недела го совладаа романскиот ФЦСБ во Букурешт, со што Шкендија по вторпат излезе како победник против овој противник и избори пласман во следната рунда.

Фото: KF Shkëndija


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *